Џон Џонс: Немам проблем со тоа што Ислам Махачев е пред мене на ранг-листата

Долго време Џон Џонс негодуваше поради фактот што Ислам Махачев беше рангиран број 1, без разлика на тежинската категорија.

Минатиот викенд Џонс се врати по година и пол отсуство. Го нокаутира Стипе Миочиќ и првпат ја одбрани титулата во тешка категорија. Ова се случи на настанот УФЦ 309, кој се одржа во Медисон сквер гарден, Њујорк. Традиционално, УФЦ ги ажурира своите рангирања по секоја гала вечер што ја одржуваат.

По ажурирањето на рангирањето, Џонс го собори Алекс Переира од второто место, но остана зад Ислам Махачев. Тоа не му се допадна на Дана Вајт, кој уште еднаш се изјасни против луѓето кои го прават рангирањето. Ова го коментира и „Коски“ кои изјави дека е среќен поради втората позиција во годините во кои е моментално.

„Имам 37 години и сум на второто место во која било категорија. Задоволен сум поради тоа“, напиша Џонс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MMA Pros Pick (@mma.pros.pick)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON