Џон Џонс не е воодушевен од одлуката на Френсис да ја продолжи кариерата во ПФЛ

Фенсис Нгану кариерата ја продолжува во промоцијата во ПФЛ.

Камерунецот потпиша договор со ПФЛ, а доби неколку обврски, ќе води посебна африканска ПФЛ организација, а ќе биде и во комисијата за правата на борците.

Посебно е задоволен што промоцијата му овозможи настап на боксерски мечеви.

Многумина ја коментираа неговата одлука, па веста особено го воодушеви познатиот јутјубер Џејк Пол:

„Френсис, добредојде во ПФЛ. Тоа е огромна вест за ММА. Ќе имаме големи борби. Честитки, го заслужуваш тоа. Најдобрата тешкаш во светот во ПФЛ“!

Но, има и такви кои се разочарани од одлуката на Френсис. Еден од нив е новиот шампион на УФЦ во тешка категорија, Џон Џонс.

„Се нарекуваш себеси најзлобниот човек на светот од другата страна на улицата. Кој го прави тоа? Смешно“, напиша Џон Џонс на Твитер, а камерунскиот удирач едноставно одговори:

„Тогаш премини ја улицата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON