Џон Џонс (28-1) изгледа подготвен да ја слушне понудата на УФЦ за можна пресметка со Том Аспинал (15-3), откако Дана Вајт јасно стави до знаење дека ова ќе биде следната борба за титулата во тешка категорија. Британецот дури на социјалните мрежи објави дека преговорите официјално почнале.
„Планот е поставен. Се гледаме наскоро Америка“, напиша Аспинал, навестувајќи дека големата вест наскоро ќе стане факт.
Ова е меч кој се одложува повеќе од една година. Том дури еднаш беше принуден да ја брани привремената титула, додека Џонс конечно го доби долгоочекуваниот натпревар со Стипе Миочиќ.
Одамна на сите им е јасно дека ова е судирот што треба да го одреди најдобриот борец меѓу најтешките во УФЦ. Со интерес гледаме кога и каде ќе ги сретне судбината.