Џон Џонс и понатаму сака борба со Алекс Переира

Џон Џонс и понатаму сака борба со Алекс Переира.

Минатиот викенд „Боунс“ го нокаутира Стипе Миочиќ во Медисон сквер гарден, Њујорк. Двајцата беа предводници на УФЦ 309, притоа Џонс победи со нокаут во третата рунда. Победата беше прва одбрана на неговата титула во тешка категорија. Се очекуваше Џонс да се повлече од ММА, но внатре во кафезот откри дека одлучил да продолжи да се бори.

Џон призна дека го чекаат тешки преговори со УФЦ. Дана Вајт сака да го спротивстави Том Аспинал, но Џон сака огромна сума на пари. На социјалните мрежи на УФЦ се појави објава во која не прашуваат за следниот противник на американската легенда. Прва опција е Том Аспина, втора е Алекс Переира и трета е уште еден противник.

Џонс се приклучи на коментарите и јасно стави до знаење дека го сака Бразилецот.

„Алекс Переира е двократен шампион на Глори и УФЦ. Користете го мојот коментар како опција „Б“. Не размислувајте, лајкнете го коментарот“, напиша Џонс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON