Џон Џонс донирал 100.000 порции со храна

Шампионот во полутешка категорија на УФЦ, Џон Џонс, имаше сериозна донација за државата Ново Мексико. „Коските“ донираа сума со која ќе бидат купени 100.000 порции храна за сиромашните. Многу луѓе финансиски се болни заради коронавирусот и оваа донација дефинитивно ќе им користи.

Џонс честопати се соочува со властите, а пред неколку недели беше фатен како вози во пијана состојба.

Доби казна, а медиумите беа немилосрдни спрема него. Тогаш Џонс избувна, обвинувајќи ги дека никогаш не размислуваат за добрите дела што ги сторил, туку наместо тоа, обрнуваат внимание само на лошите. Шампионот сега се подготвува за идните настапи и може да одмори бидејќи УФЦ нема да го казни за следниот настан. Џонс објави видео во кое тренира и изјави дека сака да станува подобар секој ден од вчера.

https://www.instagram.com/p/B_5lxYUFflV/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/B_6SjKmFZU8/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON