Џојс верува дека Дубоа не може да му се закани на Усик

Следен противник на Усик би требало да биде задолжителниот предизвикувач на ВБА, Даниел Дубоа.

Светскиот шампион е фаворит во тој меч, а во тоа верува и Џо Џојс, кој викендов боксира против Кинезот Жанг Жилеи.

Британецот смета дека неговиот сонародник не може сериозно да му се закани на Александар Усик.

„Требаше да се борам за шампионската титула, но Дубоа ја доби шансата. Прво го победив, а сега стигна до мечот со појасот пред мене и ме нервира. Но, така функционира боксот денес и треба да играте со картите кои ви се делат“, изјави Џо Џојс и додаде:

„Дубоа нема да може да го удри Усик, кој ќе танцува околу него. Па и тој не можеше да ме удри, па како тогаш ќе го направи тоа со Усик. Даниел удира силно, но тешко е да се удри некој што се движи толку брзо“.

А ако Џојс го победи Жилеи, тогаш на лето би можел да се бори со Фјури, кој бара противник откако му пропадна договорот со Усик.

Покрај него, меѓу сериозните кандидати за мечот против Кралот на Ромите е и Енди Руиз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON