Џо Џојс го анализира својот противник Карлос Такам, пред нивниот судир, кој ќе се одржи на 24 јули во арената ССЕ во Лондон. Мечот е во тешка категорија и е за интерконтинентална титула на ВБО, како и за „сребрената“ титула на ВБЦ.
„Карлос Такам е силен и искусен боксер кој е во состојба да создава проблеми за време на борбата. Можеби неговите удари се врв на неговата тактика и висината, но јас сум подготвен. Напорно работевме за да ги неутрализираме неговите јаки страни, но сега нема да ги откривам моите тајни“, рече Џојс за britishboxingnews.co.uk.
„Не мислам дека ќе биде лесно, но ќе ја завршам својата работа. Тука сум, подготвен сум и чекам. Дефинитивно ќе се обидам да го нокаутирам Такам и порано или подоцна ќе најдам начин да го сторам тоа. Карлос е веројатно најдобриот со кој сум се борел. Тој е секогаш во форма, силен, цврст и може да се бори добро во подоцнежните рунди. Тоа е проблем со кој треба да се справам вечерва и ќе го сторам тоа“, заврши Џојс.
Џо Џојс нема пораз во професионалниот боксерски ринг. 35-годишниот англиски боксер има биланс од 12 победи на 12 меча (11 со нокаут). Во неговиот последен меч Џојс му го нанесе првиот пораз на младиот талент Даниел Дубоа, нокаутирајќи го во 10-тата рунда европската титула во тешка категорија, онаа на Велика Британија, како и интерконтиненталниот појас на ВБО.
Карлос Такам има скор од 39 победи (28 со нокаут), 1 нерешен и 5 порази (3 со нокаут) во професионалната боксерска кариера. Камерунецот, кој се натпреварува под знамето на Франција, е во серија од 4 последователни победи (над Сенад Гаши, Крег Луис, Фабио Малдонадо и Џери Форес).