Џо Смит го сопре Џефрард со аресенал од удари

Џо Смит Јуниор ја одбрани титулата на ВБО во полутешка категорија против Стивен Џефрард.

Предизвикувачот го прифати мечот со само осум дена најава и не беше на потребното ниво како што се очекуваше.

Мечот неочекувано траеше до деветата рунда, кога Смит истури дожд од удари и го испрати противникот во нокдаун.

Подоцна тренерот на Стивен, Кевин Канингем повика на прекин на судирот.

Светскиот шампион победи во секоја од последните осум рунди во Њујорк .

Пред нокдаунот го  притесни противникот во аголот на рингот и влезе во сериозна комбинација од 16 удари.

Првично, требаше да го брани појасот против Русинот Руслан Саламов, кој не успеа да добие виза за САД.

Според boxrec, Џо Смит Јуниор е број 4 во светот, додека Стивен Џефрард е само 108-ми.

„Денес беше дојден да се бори. Тоа беше одличен меч. Се обидов рано да го нокаутирам, но тој е многу солиден боксер и издржа до последните рунди, кога успеав да го соборам со комбинации“, изјави Смит по победата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON