Џо Роган: Мек Грегор треба да се врати против борец кој не е топ 15

Коментаторот на УФЦ Џо Роган зборува за очекуваното враќање на поранешниот шампион на организацијата во две категории, Ирецот Конор Мек Грегор.

„Озлогласениот“ веќе се тестира за УСАДА и има за цел враќање во април 2024 година. Ирската ѕвезда сака да биде главен на јубилејниот настан УФЦ 300 во Лас Вегас. Противник ќе му биде Мајкл Чендлер, со кого двајцата беа тренери во Ултимејт фајтер.

Чендлер е меѓу најдобрите во лесна категорија, а ова не е противник со кој треба да се соочи Ирецот. Такво е мислењето на Роган, кој го советува Мек Грегор да оди против послаб борец за загревање.

„Ако ја погледнете ситуацијата од долгорочна перспектива на кариерата, би сакал да видам борба за загревање. 100% мислам дека Конор треба да има борба за загревање. Не би сакал веднаш да се бори со Ислам Махачев. Да му бев тренер, би рекол: „Ајде да избереме некој што не е ни во топ 15“.

Ајде да најдеме некој што ќе го победиме и тоа ќе биде добар тест. Ќе ја наречеме борба за загревање и момчето ќе има можност да го победи Конор Мек Грегор. А Конор ќе има можност да ги тестира своите вештини и да ја почувствува тензијата во арената.

Направи го тоа и за шест месеци врати се за голема борба“, рече Роган на својот подкаст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON