Тајсон Фјури минатата година двапати загуби од Александар Усик, прво во средината на мај во меч за апсолутниот светски шампион, а потоа и во реванш на крајот од годината.
Десетина дена подоцна, Џипси Кинг шокираше со својата објава кога во видео порака рече дека му е доста од боксот и дека се повлекува.
Но, Фјури веќе неколку пати го правеше тоа, прво објави дека ја завршува кариерата, а потоа по некое време најави бомбастично враќање.
А сега некои не веруваат премногу во искреноста на Фјури за пензионирањето, а меѓу нив е и неговиот колега Џо Џојс.
„Сигурен сум дека ќе му здосади да биде без работа. Ќе му здосади, па ќе се врати“, изјави Џо Џојс.
Тајсон Фјури (34-2-1, 24 КО) го делеше рингот со многу големи борци во текот на неговата кариера како Дионтеј Вајлдер, Дерек Чисора, Дилиен Вајт и Владимир Кличко, но никогаш не се борел со Џојс.
„Ако Фјури сака, ќе се борам со него“, инсистираше Џо Џојс.
Џојс до пред речиси две години беше непоразен и на прагот да се бори за светската титула, но потоа загуби два меча од силниот Кинез Жилеј Жанг.
Тој лани во март го победи Каш Али со нокаут во последната, десета рунда, а само неколку месеци подоцна доживеа нов пораз, од неговиот сонародник Дерек Чисора.
„Џугернаутот“ се обидува уште еднаш да ја оживее својата боксерска кариера и ќе се врати во рингот на 1 март во нова борба против Каш Али.