Џо Џојс го победи Даниел Дубоа со технички нокаут во 10-тата рунда и ја забележа 12-тата победа во професионалниот ринг, притоа нанесувајќи му го првиот пораз на Дубоа.
Мечот во тешка категорија меѓу двајцата Британци се одржа синоќа во Вестминстер откако беше одложен трипати поради пандемијата на коронавирусот. Далеку поискусниот Џојс тактички пристапи правилно и чекаше момент да го собори противникот.
Претходно Дубоа победи со нокаут на 14 од 15 мечеви. Почна повнимателно бидејќи Џојс од почетокот бараше размена на удари. Во втората рунда Дубоа реализираше серија тешки удари, но Џојс излезе од непријатната ситуација.
Во третата и четвртата рунда, Даниел Дубоа повторно доминираше, но неколку пати му дозволи да направи контранапад. Како резултат на ударите во главата левото око на боксерот роден во Гринич почна да отекува.
Постепено средбата стана порамноправна, а окото му создаде проблеми на Дубоа. Се туркаа немилосрдно, но Џојс изгледаше посвежо.
Во десеттата рунда го испрати својот противник на подот.
Двобоа клекна, но не успеа да застана на нозе и судијата го прекина мечот.
Daniel Dubois takes a knee and is unable to get back up 🤯
Joe Joyce is one of the toughest men on this planet. What a win! 👏 #DuboisJoyce pic.twitter.com/uJ98SoVmDR
— Boxing on TNT Sports (@boxingontnt) November 28, 2020