Македонската џиу џицу репрезентација е во Питешти, Романија, каде што утре и задутре се одржува Европското првенство за У-16, У-18 и У-21.
Боите на Македонија ќе ги бранат:
Катерина Ацевска У21 +70
Јаким Колевски У18 -69
Антонио Стојчески У18 -69
Данил Николиски У18 -56
Во сабота се борбите на Антонио и Јаким, а во недела на Катерина и Данил.
Во таборот на нашата репрезентација се помошниот тренер Христијан Јованов, техничка поддршка Ицо Колевски, предводени од селекторот Александар Ацевски.
На ЕП учествуваат 1041 спортист со 1109 натпреварувачки влезови од 29 држави.