Џиу џицу репрезентацијата на тренинг камп во Србија

Денес нашата репрезентација ќе отпатува на тродневен тренинг камп во Србија предводен од Никола Трајковиќ – актуелен и трикратен светски шампион, неговиот брат Филип Трајковиќ – трет во светот и Иван Дела Кроче од Нови Сад – европски шампион.

Никола Трајковиќ пред две години стана првиот Србин кој во иста година ги обедини сите титули светски и европски шампион, и стана прв на Светските игри во Бирмингем, САД. Државен првак во џиу џица, самбо, џудо и борење во негова категорија, што повторно го прави единствен.

Од Џиу џицу федерцаијата на Македонија ова го оценуваат како одлична можност за подгововки за претстојните турнири во Бања Лука, Лозница, Париз, Јахорина и Рим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON