Поранешната предизвикувачка за титулата на УФЦ, Џесика Ај, минатиот викенд доби брутална повреда.
Таа влезе во кафезот со Џенифер Маја и изгуби со одлука. Аj ја dobi povredata по директен судир со Маја и беше почестена да продолжи со борбaтa, иако крвта постојано течеше. На социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа со колку конци е закрпено нејзиното чело.
Со поразот од Маја АЈ влезе во серија од три последователни порази и загуби 4 од последните 5 борби во ММА. Таа е скор од 4-8 во последните борби во УФЦ. Пред две години Џесика се бореше за титулата со Валентина Шевченко и загуби со тежок нокаут на почетокот на втората рунда.
Еве како изгледа челото на Ај по шиењето: