Шампионот на ВБА во лесна категорија, Џервонта Дејвис, на крајот на мај за прв пат ќе се бори во 2022 година.
27-годишниот Американец ќе се соочи со својот сонародник и предизвикувач број еден Роалдно Ромеро. Мечот е закажан за 28 мај, а ќе се одржи во Њујорк, САД.
Сличен судир требаше да има и на крајот на минатата година, но името на 26-годишниот Ромеро беше вмешано во случај на сексуално вознемирување и тој беше отстранет од средбата.
MAY 28TH, NEW YORK🔥
— Gervonta Davis (@Gervontaa) March 12, 2022
„Танка“ нема борба од декември кога забележа контроверзна победа на поени над Исак Круз.
Ромеро не се борел од летото 2021 година, кога го нокаутира Швеѓанецот Ентони Игит.