Џервонта Дејвис и Рајан Гарсија се обложија – победникот зема се

Викендов во Т-Мобиле арената во Лас Вегас ќе се одржи боксерски спектакл кој го предводи мечот (до 61,69 кг) меѓу Рајан Гарсија (23-0, 19 КО) и Џервонта Дејвис (28-0, 26 КО).

Гарсија ќе има физичка предност пред Дејвис, бидејќи е 12 сантиметри повисок од противникот, а има седум сантиметри подолго растојание на рацете.

И двајцата се полни со самодоверба во пресрет на средбата, и најавуваат победа.

Така, за време на преносот во живо на Инстаграм се договорија за облог во кој победникот зема се. Се разбира, мислат на нивниот вкупен хонорар од настанот.

Но, ретко кој ќе се откаже само од својот дел од хонорарот.

Имено, веб-страницата Sporting Payouts објави дека Џервонта ќе заработи 2,2 милиони, додека на Гарсија му се загарантирани 520 илјади долари.

На тоа треба да се додаде и добивката од продаденото ППГ, кое е поделено 60-40 во корист на Џервонта. Цената на ППГ е 84,99 долари (77,57 евра).

Заработката на Гарсија и Дејвис ќе се зголеми за неколку милиони долари, па тешко дека поразениот ќе му го отстапи својот дел на победникот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Full Violence ™ (@fullviolence)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON