Џервонта Дејвис ги прекрши правилата за домашен притвор и заврши во затвор

Американскиот боксер Џервонта Дејвис на крајот на април со нокаут во седмата рунда го победи Рајан Гарсија, а две недели подоцна мораше да се појави на суд во Балтимор и беше осуден за сообраќајната несреќа што ја предизвика во 2020 година.

Имено, Дејвис во 2020 година со своето ламборџини поминал на црвено светло на семафор и сокрил сообраќајна несреќа во која биле повредени четири лица.

Боксерската ѕвезда тогаш немала возачка дозвола, бидејќи и му била одземена поради претходни сообраќајни прекршоци.

Џервонта Дејвис ја призна вината и се соочи со казна од седум години и 55 дена.

Судот беше многу благ во неговиот случај и му одреди 90 дена домашен притвор и 200 часа општокорисна работа.

Но Дејвис ги прекрши правилата помалку од еден месец по изрекувањето на пресудата и остатокот од казната ќе го отслужи во затвор.

Познатиот боксер би требало да помине повеќе од 60 дена зад решетки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON