Џеред Андерсон веќе не сака меч против Вајлдер, туку борба со Жилеј Жанг

Американскиот тешкаш, 24-годишниот Џеред Андерсон (17-0, 15 КО) за многумина е еден од најперспективните боксери во категоријата.

Борецот со прекар Риал биг бејби заврши со нокаут 15 од противниците, што само го потврдува талентот и силата на младиот борец.

Но, бидејќи на Андерсон му треба противник кој би бил вистински тест за него, извесно време се зборуваше за можна борба против Дионтеј Вајлдер.

Тој меч можеби ќе биде договорен за втората половина од годината, но сега се чини дека Риал биг бејби повеќе не е заинтересиран за меч со Бронзениот бомбардер.

Имено, откако Вајлдер загуби од Жилеј Жанг Андерсон веќе нема желба за таа борба, туку го сака Кинезот.

„Не ме интересира меч против момче кое штотуку е поразено. Сакам борба против Жанг“, изјави 24-годишниот американски боксер.

Жилеј Жанг го победи Дионтеј Вајлдер со нокаут во петтата рунда во главната борба на настанот „5 на 5“, натпревар меѓу промоциите Мечрум и Квинсбери во Ријад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON