Флојд Мејведер и Јутјуб ѕвездата Логан Пол се соочија во Мајами,како најава за нивниот боксерски меч на 6 јуни. Но, не помина се така мазно, туку настана вистински хаос, откако братот на Логан Пол, Џејк Пол му ја симна капата на Мејведер, кому овој потег воопшто не му се допадна.
Мејведер, кој претходно изјави дека е во состојба во една вечер да ги „пребие“ двајцата браќа, жестоко реагираше и започна тепачка со Џејк пред новинарите.
„Ќе те убијам кога ќе те фатам“, велеше боксоерот кој во досегашниот дел од кариерата на 50 борби има и 50 победи.
По целата ситуација се огласи и Џејк Пол на својот Твитер профил кој напиша дека му ја украл капата на Мејведер бидејќи со неговите досадни борби тој ги краде парите на луѓето.
Mayhem in Miami 🤯🤯#MayweatherPaul pic.twitter.com/RwXosjT7OU
— All the Smoke Boxing (@atsboxing) May 6, 2021
went as planned pic.twitter.com/bw8WGwUkd5
— Jake Paul (@jakepaul) May 6, 2021
Got the memo ✔️
Bro tryna steal the show from @loganpaul. #MayweatherPaul #BraggingRights @FloydMayweather pic.twitter.com/EUBl1iwX2P— Mayweather Promotions (@MayweatherPromo) May 6, 2021