Џеј Опетаја смета дека Фјури не треба да го менува тимот пред реваншот против Усик

Австралискиот тешкаш Џеј Опетаја му порача на Тајсон Фјури сериозно да го сфати реваншот против Aлександaр Усик, кој е закажан за декември, бидејќи само така може да му се закани на Украинецот.

Во средината на мај Усик го победи Фјури со поделена одлука на настан во Ријад и ги обедини појасите на шампионот во тешка категорија.

Кралот на Ромите одлично го започна мечот и водеше на картичките до 9. рунда кога беше соборен, а потоа се се смени и Усик стигна до најголемата победа во кариерата.

„Изгуби, врати се во салата и подготви се подобро. Сите заедно станете добар тим. Не треба да менувате тим само затоа што нешто тргнало наопаку, тоа е апсолутно глупаво. Ако нешто не функционира во тимот, тогаш тоа треба да се коригира навреме“, изјави Џеј Опетаја.

Австралискиот боксер во крузер категорија е спаринг партнер на Фјури, кој беше дел од таборот на Џипси Кинг на почетокот на годината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON