Џеф Монсон објави дека започнал процес за откажување од државјанството на Соединетите Американски Држави.
52-годишниот ММА борец е роден во Минесота, САД. Тој е поранешен борец на УФЦ кој се бореше за титулата во тешка категорија во 2006 година, но загуби од Тим Силвија. Во 2015 година Монсон поднесе барање за руско државјанство, наведувајќи дека се чувствува „Русин во срцето“.
Доби руско државјанство во 2018 година од претседателот Владимир Путин. Монсон вели дека ги сака Русите и дека ќе се откаже од американското државјанство бидејќи не ја поддржува американската политика.
„Всушност поминувам низ процес на откажување од американското државјанство. Овој процес може да потрае неколку месеци. Ми недостига семејството, но тоа е се. Не сакам ништо со Америка.
Владата и војската на САД предизвикуваат невидено страдање со своите војни, санкции и мешање во работите на другите земји ширум светот. Ја сакам Русија и рускиот народ, среќен сум овде.
Но, причината поради која се откажувам од моето државјанство е затоа што не се согласувам со американската политика. И внатрешно и надворешно“, изјави Монсон заРИА Новости спорт.
View this post on Instagram