Популарниот американски ММА борец Џастин Гејџи ја анализира борбата со Макс Холовеј и зборува и за тоа колку скршениот нос влијаел врз него.
Двајцата се бореа на УФЦ 300 што се одржа на почетокот на овој месец. Гејџи ја заложи БМФ титулата против Холовеј, кој дојде од пониската категорија. Малкумина му дадваа шанси на Макс, кој уште еднаш се докажа и го нокаутира Гејџи во последната секунда од 5. рунда.
Со овој пораз Гејџи се збогуваше со шансата за титулата против Ислам Махачев. Џастин не се кае за тоа и мисли дека борбата со Холовеј ќе оди во Куќата на славните на УФЦ:
„Оваа борба ќе влезе во Куќата на славните на УФЦ како една од најдобрите борби во годината. И двајцата паднавме од ударите. Ова не е изненадувачки. Тој дефинитивно победи, но очигледно и Макс падна од мојот удар. Не можам со сигурност да кажам колку скршениот нос влијаеше на мојот настап.
Но, јас секогаш го имам тој менталитет за борба. И кога ќе се случи такво нешто, само треба да заборавите на тоа. Не треба да размислувате премногу за тоа бидејќи се уште се борите и има уште многу опасност пред вас. Посебно на крајот од рундата тоа е гадно, затоа што треба да се вратите во аголот и да седите и да размислите за тоа.
Имате 60 секунди навистина да разберете што се случило. Човечкото тело извршува многу посебни дејства кога ја разбира и согледува опасноста. Тоа го активира одговорот борба или бегање, така што секогаш одам на првата опција“, изјави Гејџи.