Џарел Милер суспендиран две години

Американскиот боксер во тешка категорија Џарел Милер ќе може повторно да боксира во 2022 година.

Спортската комисија во Невада го суспендира на две години Милер. Во летниот период, 32-годишниот боксер уште еднаш беше фатен со недозволени супстанци во телото.

Во последните две години, „Големото бебе“ стана главен збор за допинг, откако неколку пати падна на допинг тестови.

Последниот удар на Милер се случи пред неговото враќање против Џери Форест. Требаше да се борат на 9 јули, но неколку дена пред мечот, боксерот беше обвинет за употреба на кардарин.

24-месечната казна за боксерот може да биде намалена на 18, доколку се приклучи на Антидопинг агенцијата на САД и стане член на Агенцијата за доброволно анти-допинг (ВАДА), но сето тоа на негова сметка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON