Џарел Милер разочаран по контроверзното реми против Енди Руиз Јуниор

Џерел Милер (26-1-2, 22 КО) смета дека бил подобар во мечот против поранешниот шампион во тешка категорија Енди Руиз Јуниор (35-2-1, 22 КО) и ја заслужил победата.

Но, нивната пресметка, која беше дел од програмата на отворањето на големиот боксерски настан на стадионот БМО во Лос Анџелес, заврши нерешено.

Милер делуваше многу бавно во првите три рунди, но во четвртата почна да врши поголем притисок врз Руиз, и му покажа дека нема да биде лесен меч.

Во вториот дел од борбата, Милер беше подобар борец, постојано напаѓаше и се закануваше со разни комбинации, но тоа не беше доволно за судиите да му ја доделат победата.

По 12 рунди мечот заврши нерешено, а Руиз порезервираниот настап во вториот дел од борбата го оправда со повреда на раката која ја заработи во петтата рунда.

Поранешниот шампион по борбата ја покажа класата и рече:

„Ајде да го направиме тоа повторно. Беше доста исцрпувачки“.

Никој не би имал ништо против нивниот реванш, но на овој меч и двајцата покажаа дека се подготвени да се борат против еден од боксерите од врвот во тешка категорија.

„Во оваа борба го победив момчето, но загубив во неговиот роден град. Луѓето гледаат што се случи, но сега го барам следниот противник“- рече Џарел Милер и тврди дека не е плачко, а на прашањето колку рунди мисли дека бил подобар од Руиз, тој одговара:

„Најмалку осум или девет. Ако ме удри еднаш, би му возвратил со два-три истрели. Ослабев 18 килограми, затоа што сфатив дека не треба да ги нокаутирам сите, можам да истепам некого. Неколку пати му дадов добар шејк на Руиз“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON