Поранешниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, Јиржи Прохаска, го повреди рамото пред реваншот против Гловер Тешеира.
Чехот го ослободи појасот, а промоцијата му вети дека веднаш ќе добие борба за титулата штом ја залечи повредата.
А Јиржи можеби нема да се врати три до четири месеци, што не му одговара на актуелниот шампион Џамахал Хил.
„Летото доаѓа, а Јиржи никаде го нема. Не сум слушнал ништо од него, се уште чекам повик“, рече Џамахал Хил и додава:
„Подготвен сум, но веќе не ми е грижа. Го сакам следниот на ред. Секој може да дојде. Нека дојде тој што мисли дека е првиот предизвикувач“.
Последната борба на Џамахал Хил беше во јануари кога со едногласна одлука го победи Гловер Тешеира и го освои шампионскиот појас.
„Не знам кога повторно ќе се борам, можеби во октомври. Не сакав да чекам толку долго, но немам избор. Сакав да се борам барем двапати како шампион, но морам да се прилагодам на распоредот на другите борци. Но, јас сум подготвен“, подвлече Џамахал Хил.