Витор Белфорт ноќва требаше да ја затвори својата легендарна21-годишна кариера.
Но, бидејќи неговиот планиран противник Јурај Хол заврши во болница поради компликации за време симнувањето на тежината, 40-годишниот Феном остана без меч.
Многу брзо на УФЦ пронајде противник и поранешниот шампион во полутешка категорија ќе се бори на 17 март во Лондон против друг борец кој ќе опрости таа вечер, поранешниот шампион во средна Мајкл Биспинг, објави бразилскиот Глобо.
Двајцата се бореа во 2013 година во Сао Паоло. Тогаш Белфорт го нокаутира Биспинг со хај кик и удари во пратер во втората рунда.
Од тој пораз Биспинг се искачи на врвот на средна категорија од каде што во почетокот на ноември го симна Сент Жорж Пјер. Само три недели по поразот на Канаѓанецот со давење, 38-годишниот Англичанец отиде да се бори во Шангај против Келвин Гастелум и загуби со нокаут во првата рунда.
Во останатите мечеви на настанот во Лондон Џими Манува по втор пат се бори со Јан Балчовиц и Рустам Хабилов со Кајан Џонсон.
,