Двократен светски шампион во бокс преоѓа во ММА

Поранешниот двократен светски шампион во боксот се сели во ММА.

Хасан Н’Дам Н’Јикам (36) кој ја држеше ВБО и „регуларната“ ВБА титула во средна категорија потпиша за Арес ФЦ.

Афро-француската промоција во декември го одржа својот настан во Дакар. Внимание го привлече дебито во ММА на тешкашот Омаре Кејн, познат и како Руг Руг.

Во промотивното видео, можеме да видиме како Н’Дам удира во фокусери со борецот на УФЦ и со амбасадорот на Арес, Кирил Гане.

Камерунско-францускиот боксер последен пат влезе во ринг минатиот декември, кога загуби со едногласна одлука на Федор Кудинов.

За време на неговата кариера ги победи Риот Мурат, Мартин Мареј и Куртис Стивенс, а загуби од Дејвид Лемиус, Калум Смит, Питер Килин и во реваншот со Мурат.

Во боксот соодносот муе е 37-5, 21 КО.

Како професионалец во 2016 година настапи на Олимписките игри во Рио, но беше поразен во првото коло.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=qS1Cp533sD4&feature=emb_logo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON