Двократниот олимписки шампион во џудо Петар Зајсенбахер е уапсени во украинскиот Киев под обвинение за сексуален напад.
Се претпоставува дека 57-годишниот Австриец пред доаѓањето во Украина поминал седум месеци во бегство во Дубаи. Обединетите Арапски Емирати немаат договор за екстрадиција со Австрија.
Регионалниот суд во Виена побара екстрадиција за кратко време по неговото апсење од страна на украинската полицијата.
Зајсенбахер не се појави на почетокот на неговото судење во Виена минатиот декември поради наводни сексуални напади на две девојчиња кои ги тренирал во почетокот на овој век.
Според обвинителите, наводното злоставување се случувало во периодот меѓу 1999 и 2004 година. Жените поднесоа обвинение против поранешниот тренер во 2013 година.
Според обвинението, Зајсенбахер во 1999 година сексуално нападнал една од девојките која тогаш имала 11 години. Наводно, истото го повторил и во 2004 година со 13-годишна девојка.
Обвинет е и за обид за напад врз 16-годишна ученичка во време на тренинг кампот во Хрватска во 2001 година.
Ако биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна до 10 години.
Зајсенбахер во 1998 година во Сеул стана првиот џудока кој освои злато на две последователни олимписки игри. Претходно беше златен и во Лос Анџелес во 1984 година во категоријата до 86 килограми.
Како тренер ја предводеше репрезентацијата на Азербејџан до две сребр на Олимписките игри во Рио. Беше тренер и на австриската и на грузиската репрезентација и е член на Куќата на славните на ИЏФ.
Објавена е снимка од неговото апсење во Киев