Боксерите од Македонија, односно од БК Шкупи, беа успешни на Меѓунардниот турнир „Ти благодариме НАТО“ во Приштина,Косово, па така Лулзим Бајрами (БК Шкендија) од страна на жирито е прогалсен за најдобар боксер на турнирот, откако беше многу подобар од противникот од Црна Гора и притоа прикажа јака борба. Јасин Лама (БК Шкупи) е прогалсен за најдобар странски боксер.
„Лама беше подобар од противникот од Словенија кој покажа текничка и цврста борба, па затоа жирито го прогласи најдобар странски боксер. Ова е голем успех за боксерите од Македонија“, истакна тренерот на БК Шкупи, Насер Харуни.
Резултати
- 60кг Јасин Лама (Македонија) – Елвитон Красниќи (Словенија) 2-0
- 75кг Арсим Етеми (Македонија) – Бесарт Пирева (Косово) 0-2
- 75кг Алим Насуфи (Македонија) – Мухамет Сејдиу (Косово) 2-0
- 64кг Патриот Бехрами (Косово) – Ардит Зекири (Словенија) 2-0
- 75кг Аријан Гаши (Косово) – Денис Нурја (Албанија) 0-2
- 75кг Албан Бекири (Албанија) – Никола Вујовиќ (Црна Гора) 2-0
- 81кг Лулзим Бајрами (Македонија) – Никола Милошевиќ (Црна Гора) 2-0
- 81кг Албан Бермета (Албанија) – Фран Фиреа (Словенија) 2-0