Две злата и бронза за борачите на Балканец, Македонија прва во Призрен

Тројца малди борачи на Балканец вчера освоија две злата и една бронза на Меѓународниот турнир „Ментаз Алајбегу“ во Призрен, Косово.

Мартин Стојанов (-55 кг) и Александар Донев (-84 кг) ги освоија првите места, а Петар Тодев (-74 кг) третото како дел од младинската боречка репрезентација. На турнирот учествуваа борачи од Македонија, Косово и Албанија.

Екипата ја предводеа тренерите Гордан Николов и Виктор Богданов.

Во екипен пласман прво место го освоиа репрезентацијата на Македонија, пред Косово и Албанија. Пехарот за прво место го прими тренерот на Балканец Гордан Николов.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON