Две сребра за борачките на Вардар 1961 на „Президент купот“ во Белград

Две сребра освоија борачките на Вардар 1961 на силниот Меѓународен турнир „Президент куп“ во Белград, Србија.

Медалите ги освоија Нина Славевска и Неда Урошевска.

„Силна конкуренција, повеќе од десет држави. За малку и на двете им избега злато, но тоа е“, вели тренерот Игор Неделковски и додава:

„Турнирот е поврзан со седумдневен камп (од 29.07 до 05.08) на кој остануваат нашите две борачки, репрезентативки. Подготовките ќе бидат добредојдени пред Балканијадата во октомври кај нас, на која ќе настапи Нина Славевска“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON