Ристо Чурино ќе го памети 9 февруари 2020 година, а неговиот коментар „напорната работа се исплаќа“, буквално така одекна вчера.
Имено, Димитров вчера беше унапреден во главен тренер и беше прогласен за најдобар тренер во УФЦ џим Оман.
„Благодарност до фамилијата што ме подржуваше и менаџментот што ми ја даде оваа позиција и што веруваа во мене! Ова ми е мотивација за уште повеќе!, искоментира на Фејсбук битолчанецот Чурино.
Но тоа не се, му се случи нешто што одмана го посакуваше – да бидеш свој на своето, односно да те признаат твоите, па така во изборот за спортист на гоидната на Битола за 2019-та Ристо Димитров е прогласен за „Најуспешен професионален спортист“.
Но тоа не е се! Неговите ученици се изрбани меѓу најуспешните спортисти и најуспешните млади спортисти, Христијан Ацковски и Софија Најдановска, а Никола Источки доби признание да двете ММА победи.
„Горд како тренер и задоволен од уште една успешна година како спортист, тренер и клуб.
Благодарност до сите кои помогнаа и веруваа во мене а посебно до семејството кое безрезервно ме поддржуваше и помагаше во мојата кариера. Иако не бев во можност лично да ја подигнам наградата среќен сум што во мое име тоа го стори мојата мајка. 2020-та ќе биде уште подобра и со повеќе успеси“, изјави Димитров.