Жарко Арсовски (+84 кг) извојува две победи на Карате 1 Премиер лигата во Хамбург, Германија, а во третата се сретна со европскиот првак Слободан Битевиќ од Србија. Конкуренцијата беше како на Светско првенство.
Арсовски ги победи Метехан Кабаскал од Турција 1-0 и Каспер Енгел Свен од Германија со високи 8-0, а во третата борба со Србинот Битевиќ беше поразен со 2-0.
Во најтешката категорија златниот медал го освои Асиман Гурбанли од Азербејџан кој во финалето го совлада Јонтан Хорне од Германија со 5-4. Третите места и припаднаа на Енес Еркан од Турција и Слободан Битевиќ.
Сашко Патраклиев (-84 кг) беше поразен од Швајцарецот Демијан Сајлер 6-2 во првото коло.
Во оваа категорија триумфираше Рјутаро Арага од Јапонија кој во финалето славеше над Мохамед ел Котби од Египет 4-1. Трето место го поделија Ноа Бич од Греманија и Валери Чоботар од Украина.
Победници по категории се:
– 60 кг Даглас Бросе – Бразил
– 67 кг Магди Ханафи – Египет
– 75 кг Кен Нишимура – Јапонија
– 84 кг Рјутаро Арага – јапонија
+ 84 кг Асиман Гурбанли – Азербејџан.
Жени
-50 кг Радва Сајед – Египет
-55 кг Емили Туи – Франција
-61 кг Џијана Лотфи – Египет
-68 кг Ирина Заретска – Азербејџан
+68 кг Нацуми Кавамура – Јапонија
Кати
Вивијана Ботаро – Италија
Антонио Дијаз – Венецуела
Ката тим на Италија – мажи и жени
Сите резултати од Карате 1 Премиер лигата во Хамбург.
Ipon.mk/В.Д.