Две бронзи за „Чонџи“ од Косел на „Србија опен“

Викендов што помина Таеквондо ИТФ клубот Чонџи од Косел-Охрид настапи на Меѓународен турнир А класа „Србија Опен 2022“ во Нови Сад, Србија, и освои две бронзи.

Медалите ги освоија:

-Лука Тодороски- бронза, форми зелен појас, јуниори 14-15 години

-Михаил Крстаноски – бронза, борби -40 кг кадети 12-13 години.

На турнирот учествуваа околу 350 натпреварувачи од 42 клубови од 12 земји, Србија, Хрватска, Грција, Бугарија, Словенија, БиХ, Австрија,Унгарија, Романија,Чешка, Молдавија и Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON