Два златни и сребрен медал за борачите на Шкупи на „Меморијал Марош Тал“

Харун Мемеди и Заим Заими освоија златни, а Башким Сулејмани сребрен од БК Шкупи на Меѓународниот турнир „Меморијал Марош Тал“ во Словачка.

Борачите на Шкупи предводенни од тренерите Бунјамин Ебипи и Ертан Реџепи покажаа одлични борби на силниот турнир во Словачка на кој учествуваа натпреварувачи од повеќе од 10 земји.

Настапија овие клубови: Шкупи, Мустут, Брно, Силвер, Клајпеда, Вилкавискис, Ирбис Лвов, Збараж, Ривне, Рокитне, Тереболија, Ждолубњв, Мазоусе Тересин, ЛУКС Суплес Крашник, Лукенварде, Вашаш Будимпешта, Хајдунани, Сароспатак, Дунахарасти, Тизачеге, Серенц, Славија Снина, Стара убовна, Земплиски Хáмров, Кошице 1904, Молдави над Бодвоу, Локомотви Римавска Собота, Банк Приевиџа, Фи Ѓаково и домашните момци од Храна Кошице.

„Ова ќе послужи како искуство за нашиот клуб за идните настапи“, велат од клубот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON