Дан-кју од Скопје се враќа со шест медали од џиу џицу турнирот „Алексинац опен 2015“ во Србија, кој воедно се бодува и за Јадранската џиу џицу лига.
Александар Трајковски и Ангела Трајковска освоија сребрени медали, а Дарко Трипуновски, Никола Бошковски, Зоран Колевски и Јаким Колевски освоија бронзени медали.
На турнирот учествуваа 250 натпреварувачи од осум држави.
Во првото коло од Јадранската џиу џица лига македонаката екипа Осенсеи Балекс се сретна со екипите на САЈ, НиФ Алексинац и Српска.
„Оваа година екипата (Осенсеи Балекс) е засилена со двајца борци од Клубот за џиу џица Дан-Кју од Скопје и тоа во категориите сениори -62 и -69 кг. Во сениори -62 настапува Александар Трајковски, а во категоријата сениори -69 Никола Бошковски. Посебно за истакнување е настапот на Александар Трајковски, кој во трите дуели имаше три победи, две службени и една со резултат 13:9. Ова е една исклучително силна Лига, поради тоа што во екипите се одбрани најдобрите борци од таа држава“, изјави селекторот Александар Ацевски.
Второто коло од Лигата е во Сараево, а финалето е на 7 ноември во Скопје. Одговорен за нашата екипа е Виктор Велинов.
Зоран Ристески судеше на „Алексинац опен 2015“, кој од оваа година е избран да суди во Јадранската џиу џица лига, заедно со тројцата, во моментов најголеми имиња, а тоа се Карл Келц од Словенија со WORLD A лиценца, Јанош Копас од Србија со CONTINENTAL A лиценца и Бојан Јовиќ од Република Српска со CONTINENTAL A лиценца.
ipon.mk/В.Д.