На настанот на УФЦ што се одржа минатиот викенд во Лас Вегас српскиот борец Душко Тодоровиќ (11-2) ја прекина серијата од два порази со победата против Маки Питол (13-7).
Тодоровиќ со прекин во првата рунда го совлада Американецот.
По мечот откри со какви проблеми наишол во последните неколку месеци. Во јули го удрил автомобил и ја повредил левата нога.
„Беше тешко да се подготвам за таа борба. Имено, на крајот на јули ме удри автомобил додека го поминував патот и ја повредив левата нога. Во тоа време го чекав повикот на УФЦ и знаев дека не можам да тренирам максимално – изјави Душко Тодоровиќ и додаде:
„Кога дојде договорот за борбата, сепак имав проблеми со стапалото. Никому не кажав, а моето семејство не знаеше за несреќата. Само девојка ми знаеше, навистина беше лудо.
Српскиот борец истакнува дека повредата сè уште не е целосно санирана.
„Сега сакам да се закрепнам и целосно да ја залечам повредата за да бидам подготвен за следната борба. Повредата беше тешка бидејќи автомобилот ме влечеше неколку метри, а кога застана предното тркало беше на мојата нога. Човекот излезе од зад автомобилот и ме праша како сум, а ногата сè уште ми беше приклештена“, откри Душко Тодоровиќ, додавајќи што се случувало пред борбата:
„Додека се загревав нешто ми пукна во ногата. Не се исплашив, но бев бесен, па влегов во мечот. И претходно имав проблеми со тоа стапало, отокот траеше неколку дена и тоа е тоа. Но, не верував дека тоа може да ми се случи во пресрет на важна борба. Но сега чувството е уште подобро“!
А како изгледаше стапалото на Душко, погледнете ТУКА.