Душко Тодоровиќ ја изгуби и втората борба во УФЦ, Тибура и Розенструик славеа со прекин

Душко Тодоровиќ (10-2) ја загуби втората борба по ред во УФЦ. Српскиот борец беше поразен со едногласна одлука на судиите од Бразилецот Грегори Родригез (10-3) на УФЦ Фајт најт 189 во Лас Вегас.

Мечот главно се одвиваше на нозе во кои и двајцата борци си разменија многу удари. Бразилскиот борец беше малку поактивен, а ударите беа попрецизни. На крајот, бодовите заминаа на страната на Родригез (30-27, 30-27, 29-28).

Во главната пресметка на вечерта Жаирзињо Розенструик го совлада Аугусто Сакаи со прекин на крајот од првата рунда, а на сличен начин прослави и Марцин Тибура во дуелот против Волт Харис во борбата за титулата.

Резултати, УФЦ Фајт најт 189:
Жаирзињо Розенструик -. Аагусто Сакаи – ТКО (удари), Р1 (4:59 часот)
Марцин Тибура – Волт Харис – ТКО (удари), Р1 (4:06)
Роман Долиџе – Лауреано Старополи – едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Сантијаго Понзинибио – Мигел Баеза – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Грегори Родригез – Душко Тодоровиќ – едногласна одлука (30–27, 30–27, 29–28)
Монтана де ла Роса – Аријане Липски – ТКО (удари), Р2 (4:27)

Воведни борби:
Илир Латифи – Танер Бозер – поделена одлука (29–28, 27–29, 29–28)
Муслиман Салихов – Франциско Триналдо – едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Камуела Кирк – Макван Амирхани – едногласна одлука (30-27, 29-28, 29-28)
Алан Патрик – Мејсон Џонс – без одлука (бркање во очите), Р2 (2:14)
Манон Фиорот – Табата Ричи – ТКО (удари), Р2 (3:00 часот)
Шон Вудсон – Јусеф Залал – поделена одлука (28–29, 29–28, 29–28)
Клаудио Пуелес – Џордан Ливит – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)



ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON