Душица Бреслиева се закити со златен медал на Балканското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Сараево, Босна и Херцеговина.
Штипјанката Бреслиева во финалето (-54 кг) во кадетска конкуренција славеше против Миа-Милица Вујиќ од Босна и Херцеговина со 4-0.
Јован Врклевски (-57 кг, кадети) во финалето загуби од Дарис Џафо (БиХ) 1-1, поради прв осовоен поен, и го освои сребрениот медал, иако до финалната борба имаше доминантен настап со пет победи.
Недим Шаќири (-60 кг, У-21) освои бронзен медал во досегашниот дел од натпреварите. Недим имаше одличен настап во репасажот извојувајќи три победи за медал.
Резултати – Балканско првенство:
-54 кг кадети
Душица Бреслиева – Сарах Икановиќ (БиХ) 7-1
Душица Бреслиева – Дениса Гугулеа (Романија) 6-1
Душица Бреслиева – Марина Кондова (Бугарија) 3-3
Душица Бреслиева – Зејнеп Сета (БиХ) 3-0
Душица Бреслиева – Хана Кечап (Србија) 3-3
Финале
Душица Бреслиева – Миа-Милица Вујиќ (БиХ) 4-0
-57 кг кадети
Јован Врклевски – Николаос Стергиос (Грција) 10-0
Јован Врклевски – Стефан Казаку (Романија) 10-0
Јован Врклевски – Кавусан Асил (Турција) 1-2 (8-0) но е дисквалификуван
Јован Врклевски – Омер Хаџиќ (БиХ) 2-0
Јован Врклевски – Даниел Бурназ (Романија) 6-3
Финале
Јован Врклевски – Дарис Џафо (БиХ) 1-1
-60 кг У-21
Недим Шаќири – Бајрам Анил Есер (Турција) 0-6
Репасаж
Недим Шаќири – Вук Бјелица (БиХ) 5-0
Недим Шаќири -Умут Мелих Ердоган (Турција) 8-0
За бронза
Недим Шаќири – Дијар Хасаноглу (Турција) 8-0