Душица Бреслиева која освои бронзен медал и беше најсупешната македонска репрезентативка на Европското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Биелско-Бијала, Полска, денес имаше прием кај градоначалникот на Штип Иван Јорданов.
„Голема чест имав да разговарам со штипската гордост, каратистката Душица Бреслиева, која на Европското првенство во Полска освои бронзен медал.
Честитки упатувам и до Љупче Михајлов, со искрени желби за уште поголеми успеси!
Општина Штип продолжува да вложува во спортот, затоа што нашите спортисти се едни од најголемите амбасадори на градот“, напиша Јорданов на Фејсбук страницата на Општина Штип!
На приемот беа и нејзините тренери Сашко и Жарко Арсовски и Љупче Михајлов, на кого за малку му избега медало, но и по голема заслуга на судиите.
Фото: Општина Штип