Прв медал за Таеквондо клубот Штип на големите натпреварувања. Душица Бреслиева во категорија јуниорки -55 кг се закити со бронзен медал на Меѓународниот турнир од Г1 серија „Скопје опен“.
Тренерите Сашко и Жарко Арсовски и Мартин Петров се задоволни од сите учесници кои настапија Скопје опен. Според нив, ова е мотив за сите натпревраувачи да се вложуваат повеќе, а резултатите ќе дојдат сами по себе. Пример за тоа е Бресилева која во два спорта забележува успеси. Душица паралелно се натпреварува и во карате и во таеквондо.
Потсетуваме дека Душица Бреслиева освои бронзен медал и беше најсупешната македонска репрезентативка на Европското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Биелско-Бијала, Полска.