Душица Бреслиева: Бронзата е стимул да освојам сениорски медал на ЕП и СП како моите тренери, и на Олимпијада во такевондо

Душица Бреслиева освојувачка на единстевниот медал за Македнија на Европското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 Биеслко-Бијала, Полска, денес свечно го прими медалот.   

„Во моментов сум многу среќна за моето прво одличје од континентален собир. Имав тежок и макотрпен период на подготовки, како на физички, така и на тактички и психички план. Бронзата на Европското првенство во Полска за мене претставува стимул повеќе да освојам највисоки награди на европско и светско првенство во сениорска конкуренција, како и Олимписко злато во таеквондо“, вели Беслиева за Ипон.мк и додава:

„За да го постигнам ова, имав најголема подршка од моите тренери Жарко и Сашко Арсовски, најдобрите тренери во Македонија, без кои ова немаше да го постигнам. Член сум на најдобриот клуб во Македонија Карате клубот Штип од Штип. Оваа прилика ја користам да изразам голема благодарност првин до моите тренери Жарко и Сашко Арсовски, моите родители, сестра ми, моите клупски другари, со кои се дружам и секој ден трениерам по двапати, до сите штипјани, Македонци и сите што ме познаваат и подржуваат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО