Дураковиќ и Стојаноски прикажаа добри борби во Узбекситан (ФОТО)

Македонските репрезентативци во самбо Един Дураковиќ (100 кг) и Владимир Стојаноски (77 кг) на силниот „Претседателски куп“ во Ташкент, Узбекистан, изминатиот викенд оставија добар впечаток во многу силна конкуренција. Главен покровител на Купот беше претседателот на Узбекистан.

Дураковиќ настапи во оворената категорија над 90 килограми во која имаше 50-60 натпреварувачи, при што првата борба против натпреварувач од Индија ја добива, а во вотрата се среќава со Туркменистанец која ја губи со тесен резултат. Но, треба да се истакне дека противникот бил потежок 20 килограми.

„Беше многу густо. Ме победи на поени. Сепак, да беше до 100 килограми ќе стигнев многу подалеку и ќе овсоев една од наградите. Инаку, се друго беше прекрасно. Неверојтана организација. На Конгресот за кураш беше одлучено наредниот куп да биде во Турција“, вели Дураковиќ.

Со исти впечатоци за самата организација е и Стојаноски, кој вели дека навистина биле пречекани на претседателско ниво. Владимир ја изгубил борбата од финалистот од Узбекистан. Во оваа категорија имало 70 натпреварувачи.

Борбите се одржале на стадионот во Ташкент и траеле до 2 часот по полноќ.

Претседателскиот куп е со богат награден фонд, па за првото место се добиваа 50 илјади долари, за второто 20 илјади, за тертото 5000 и за четвртото 2000.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON