Британскиот боксер 23-годишниот Даниел Дубоа (16-1) го победи Романецот Богдан Дину (20-3) со нокаут во втората рунда во Телфорд. Тоа беше прв меч на Динамито по поразот од минатата година против Џо Џојс.
Дубоа го наметна својот ритам уште од почетокот на борбата и веднаш започна со напад. Романскиот борец успешно се бранеше, ги издржа на жестоките напади на британскиот напаѓач.
Даниел почувствува дека може брзо да го реши мечот и по само 15 секунди од втората рунда го собори противникот. Судијата почна да брои, но Дину не стана.
Дубоа ја освои „привремената“ титула на ВБА со 15-от нокаут во кариерата, а како стигна до триумфот, погледнете ОВДЕ.