Светскиот шампион Даниел Дубоа на 22 февруари во Ријад, против Џозеф Паркер, вторпат во кариерата ќе ја брани титулата во тешка категорија на ИБФ.
Нивната пресметка ќе биде конасповна борба на настанот „Последното крешчендо“ кој го предводи реваншот во полутешка категорија меѓу апсолутниот шампион Артур Бетербиев и Дмитри Бивол.
Дубоа се враќа во рингот по фантастичната победа со нокаут против Ентони Џошуа, додека Паркер ги победи Дионтеј Вајлдер и Жилеј Жанг во неговите последни две борби.
И двајцата во саботниот судир влегуваат во одлична форма и полни со самодоверба, а кога станува збор за тоа, Даниел е особено импресивен.
„Летам! Полн сум со самодоверба и подготвен да започнам. Ајде да престанеме да зборуваме и да се фатиме за работа. Имам огромна поддршка од татко ми, тимот и Френк Ворен“, рече Даниел Дубоа и додаде:
„Имам големи амбиции и цели. Не застанавме, не се откажавме и сега сме тука. Очекувам војна. Подготвен сум да се борам, сакам да поминам низ него и да го заспијам, а потоа следниот. Гладен сум за победа“.
Даниел Дубоа сака реванш против Александар Усик во потенцијалната борба за неприкосновен шампионат во тешка категорија. А на меч со Украинецот се надева и Џозеф Паркер.