Британскиот тешкаш Даниел Дубоа во сабота на Вембли ќе ја брани светската титула во ИБФ против сонародникот Ентони Џошуа.
Двајцата се во одлична форма, Дубоа има победи против Џарел Милер и Филип Хрговиќ, а Џошуа во последните четири меча ги победи Џермејн Френклин, Роберт Хелениус, Ото Валин и Френсис Нгану.
Секој ден атмосферата станува се понапната, како што може да се заклучи од изјавите, па во последното интервју Дубоа уште еднаш упати заканувачка порака до Џошуа.
„Ќе го скршам и ќе го натерам да се откаже. Пред мечот, само за тоа размислувам. Верувам дека можам да го скршам Џошуа“, изјави Даниел Дубоа и додаде:
„Мојата кариера моментално е на голем пресврт. Имав многу подеми и падови, а сега дојде пресвртот. Уживам во моментот и чекам секој да каже што има да каже. Подготвен сум за мечот. Сакам да бидам аутсајдер и ќе направам се за да се сеќаваш на таа ноќ“.
За време на интервјуто за Скај спорт новинарот го замоли Дубоа со еден или два збора да го опише својот последен противник Филип Хрговиќ.