Дубоа е болен! Ноуатерот Мартин Баколе излегува против Џозеф Паркер со 2 дена најава

Магазинот Ринг потврди дека шампионот на ИБФ во тешка категорија Даниел Дубоа е болен и се повлекува од борбата со Џозеф Паркер. Двајцата требаше да се борат овој викенд во Ријад за да го одредат следниот предизвикувач за Александар Усик. За жал, Дубоа е надвор, а Марин Баколе прифаќа да се бори со Паркер со само 2 дена известување.

Меѓу опциите беа Лоренс Околи, Давид Адели и непоразениот Мурад Алиев, но на крајот борбата ја доби Баколе. Баколе има боксерски скор од 21-1 и важи за еден од најопасните тешкаши. Тој е во серија од 10 победи. Во својата последна борба, Мартин го нокаутира Џеред Андерсон во август минатата година.

Баколе во кариерата победи 16 пати со нокаут. На Паркер не му е непознато соочувањето со опасни борци. Во неговите последни две борби Паркер шокираше многумина откако ги победи Дионтеј Вајлдер и Жанг Жилеј. Џозеф има боксерски скор 35-3 и ја држи привремената титула на ВБО. Тој е во победничка серија од 5 борби и победил 23 пати со нокаут.

https://twitter.com/ringmagazine/status/1892656931304616164

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО