Ду Плесис истакнува дека нетрпеливоста со Адесања не била лажна

Минатиот викенд, Перт беше домаќин на големиот настан УФЦ 305 каде Дрикус ду Плесис го победи Израел Адесања со завршница во четвртата рунда и го одбрани шампионскиот појас во средна категорија.

На крајот од мечот и двајцата покажаа почит еден кон друг, а Јужноафриканецот му подари јакна на Адесања и го прегрна неговото семејство.

„Фанатизмот меѓу мене и Адесања не беше лажен. Не го мразам, но сакам да кажам дека кога би се сретнале на некој настан, не би седнале на иста маса. Но, го почитувам и тоа што го направи за спортот не може да се негира“, изјави Дрикус ду Плесис, а потоа продолжи:

„Колку време Адесања помина во октагонот, треба да се почитува. Му подарив јакна во знак на почит и потсетување на нашиот судир. Борбата со голем борец како Израел Адесања беше огромен момент во мојот живот“.

По борбата Изи истакна дека се уште не сака да се пензионира, тоа беше втор пораз во низа за поранешниот шампион.

Адесања на прес-конференцијата се обиде да ја објасни причината за поразот, а смета дека поради „фронтон зафат“ не можел да ги одвои рацете на Дрикус поради.

„Се обидов да се борам со неговата горна рака и не сум сигурен каде згрешив. И тогаш го фати грбот. Тој се смени во „фронтон зафат“ и не можев да го одвојам. Морам да погледнам и да видам што се случило. Знаев дека е тежок борец и тоа не беше изненадување за мене“, истакна Израел Адесања и додаде:

„Чувствував дека сум подобар и поблиску до победа. Неколку пати добро гоп здрмав со удари во телото, но тој покажа цврстина. Подготовките беа одлични и се беше направено како што треба“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON