Карате клубот Металург на Државното првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година покажа доминатност, со тоа што освои седум државни титули.
Шампиони на Македонија станаа: Адил Мехмед до 67 килограми, Азиз Исмаил (-75 кг), Виктор Крстевски (-84 кг) и Семир Ќосовиќ (+84 кг) сите во јуниори до 21 година, како и машката и женската екипа во борби за кадети и јуниори и Драгана Тодорова во + 68 кг. Машката екипа во финалето беа подобри од КК Штип, а женската од КК Макпетрол.
Само Мартин Стојменов од КК Партизан Кочани им го расипа балот на металурзите, бидејќи тој стана државен првак во категоријата до 60 килограми победувајќи го Давид Петков од Металург со 2-0 или вкупно имаше три победи.
Од друга страна, најголемиот ривал на Металург, Макпетрол освои четири сребрени медали: Петар Заборски (-75), Орхан Билали (-84) и Мики Стојмановиќ (+84 кг), како и женската екипа во борби.
Една од најинетерсните борби на денешниот ден од Државното првенство беше меѓу Азиз Исмаил и Петар Заборски, која заврши со минимална победа на каратистот на Металург од 3-2 на изјаснување откако во регуларниот дел заврши 3-3. Нормално, по ваквиот распоред на судиските галсови имаше незадоволство во редовите на Макпетрол.
Во кати У-21 победи Маја Војдиновска од Гладијатор, а Фери Исиќ кај мажите. Додека во борби во оваа конкуренција прваци станаа: – 50 кг Христина Ристиќ – Ботони, – 55 кг Јована Георгиева – Македонка, – 61 кг Сара Симоноска – Спорт 94, -68 кг Марија Василева – Ботони и +68 кг Драгана Тодорова – Металург.
Јуниорките на Ронин, носители на сребрениот медал од СП во Индонезија, не дозволија изненадување во кати поединечно, но и екипно, ама во кадетска конкуренција. Маријана е прва, а Мишела Димоска втора итн. Кај мажите Реџеп Мустафовски од Фунакоши Гичин е прв. Кај кадетите Киријана Камческа – Ронин и Абдурахим Идризи – Форца се први во кати индивидулано. Кадетската ката екипа на Гладијатор беше најдобра во машка конкуренција.
Резултати од Државното првенство за кадети, јуниори и јуниори 21 – прв ден.
Ipon.mk./В.Д.