Џудо клуб „Дрим“ од Струга и „Порака нова“, во соработка со партнерите од Србија и Романија креираа инклузивен џудо прирачник со адаптирани џудо техники за лицата со интелектуална попреченост.
Примарната цел, како што информира „Порака нова“, е да охрабрат што повеќе џудо клубови во земјата и регионот да практикуваат инклузивно џудо во рамки на нивните тренинзи.
– Во прирачникот ќе може да се прочитаат информации како џудото може да се направи да биде одличен инклузивен спорт, кои бенефити ги носи за лицата со интелектуална попреченост, но и ќе служи како алатка за адаптирани џудо техники и игри, кои сите се снимени и во видео формат, стои во информацијата.
Активноста е дел од проектот „Џудо за сите“, поддржан од Европската унија.